МВР со детали за страшната сообраќајка во Скопје - мотоциклист почина, девојка со тешки повреди

Тешка сообраќајна нессреќа се случи вчера попладнето во близина на “Млечен ресторан” на Улицата “Теодосија Гологанов”.

Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „Цитроен Крузер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 61-годишниот В.Ч. од Скопје и моторцикл „Дукати“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 32-годишниот Г.Д. од Тетово. Во незгодата се тешки телесни повреди се здобиле возачот на мотоциклот и 31-годишната Н.Д. од Тетово. Со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош. Околу 17.30 Г.Д. им подлегнал на повредите, додека Н.Д. е задржана на лекување и се наоѓа во животна опасност. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. 

 

 

 

 

13.10.2018 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега