Министерството за внатрешни работи (МВР) излезе со детали за тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај село Радобил, во која животот го загубија две лица, а петмина се тешко повредени.

Вчера во 16:40 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај с.Радобил, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од О.О.(31) од с.Тополница, радовишко и патничко возило „фолксваген пасат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П.(35) од с.Дреново, кавадаречко, соопштија од МВР. 

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот Ѓ.П. и неговиот сопатник Б.П.(56) од с.Дреново, кавадаречко.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „киа“ и неговиот сопатник С.О.(24) од с.Тополница, радовишко, како и сопатниците од патничко возило „киа“ Н.П.(28), Т.П.(53) и С.П.(31) сите од с.Дреново, кавадаречко, констатирани во Градска болница Прилеп и Општа болница Кавадарци.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Прилеп. 

Exit mobile version