МВР со детали за сообраќајката на влезот од Скопје: Пет лица повредени

 

Пет лица се здобија со повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера на влезот од Скопје, информира МВР. Имено, во 23:50 часот на булевар „Александар Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот А.М.Д. од село Сопиште, скопско и патничко возило „Опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот А.А. од Скопје. Со повреди се здобиле двајцата возачи, како и Н.А.(19) од Скопје и И.А.(22) од Скопје, сопатници во возилото „Опел вектра“ и сопатничката во возилото „Рено меган“, 20-годишната К.Л. од Скопје. Повредените од возилото „Опел Вектра“ со возила на итна медицинска помош биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош. Додека, повредените од возилото „Рено Меган“ биле пренесени во градската општа болница „8-ми Септември“ каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2019 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега