МВР со детали за престрелката во Бутел: Четири лица повредени, еден приведен

 

Министерството за внатрешни работи објави детали за пукањето попладнево во Бутел на улицата „Бетовенова“,

Од МВР информираат дека денес во 14.50 часот дошло до физичка пресметка, најверојатно поради нерасчистени имотно-правни односи, помеѓу браќата Ј.И. и Ј.И. и нивниот зет за сестра Е.Д. од една страна и браќата Џ.Д. и А.Д. од другата страна.

-Ј.И., Ј.И. и Е.Д. дошле пред куќата на Џ.Д. и настанала физичка пресметка. А.Д., кој во тој момент доаѓал со патничко возило „Пасат“ и видел што се случува, со возилото удрил во Ј.И., Ј.И. и Е.Д., а потоа со пиштол пукал два пати во воздух. Од ударот со возилото повредени се Ј.И., Ј.И. и Е.Д., а од физичката пресметка повреден е Џ.Д., информираат од МВР.

Од полицијата додаваат дека на лице место е пронајден пиштол и две чаури.

-Со возило на Итна медицинска помош Џ. Д. е пренесен во Ургентен Центар, Ј. И. е пренесен во ГОБ Св. Наум Охридски, Ј. И. и Е. Д. се пренесени во ГОБ 8-ми Септември, а А. Д. е приведен во ПС Чаир. Полициски службеници веднаш по пријавата излегоа на местото на настанот и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот, информираат од МВР.

 

 

 

17.02.2018 - 17:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа