МВР со детали за пожарот што избувна во Шутка: Изгоре дел од покуќнина

 

Кровна конструкција и дел од покуќнина изгореле во пожарот кој избувна вчера во скопската населба Шуто Оризари.

-Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во две монтажни бараки на ул.„Нов живот“ во нас.Шуто Оризари, сопственост на С.М.(41) и З.И.(44), двајцата од Скопје. Во пожарот била зафатена кровната конструкција на бараките и дел од покуќнината, како и кровна конструкција од барака во сопственост на Т.Љ.(48) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Увид ќе се врши во текот на денот - информира МВР.   

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 16:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега