МВР со детали за полициската акција: Запленети 50 килограми дрога во неготинско- приведен дилер (ВИДЕО)

 Педесет килограми марихуана биле запленети синоќа во неготинско, при што приведен бил 29-годишниот Е.Е.

„ Во рамките на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи за сузбивање на нелегалната трговија со наркотици, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи - Единицата за недозволена трговија со дрога во координација со СВР Велес и ОВР Неготино, на 05.11.2020 на подрачје на с. Дуброво, неготинско, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес на дом и други простории кај Е. Е.(29)“ информираат од МВР.

При претресот во помошни простории кои ги користел Е.Е. пронајдени се околу 50 килограми марихуана. Е.Е. е приведен, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.11.2020 - 08:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега