МВР со детали за несреќата на патот Куманово-Крива Паланка: Прегазен пешак почина на лице место

 

Вчера попладнето околу 16:50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка се случила тешка сообраќајна несреќа.

Како што информираат од МВР моторно возило „Тојота јарис“ со скопски регистерски таблици, управувано од 45-годишниот Л.С. од Скопје, удрило во 73-годишниот пешак Д.В. од Куманово. На местото на настанот починал пешакот. Извршен бил увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Куманово.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Институтот за судска медицина на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.                                          

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2018 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега