МВР со детали за несреќата на патот Демир Капија-Неготино: Две лица настрадаа

Две лица починале во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 13:30 часот на регионалниот пат Демир Капија-Неготино. Во незгодата учествувале патничко возило „хјунадиа“ со неготински регистерски таблички, управувано од 40-годишниот Е.К. ос село Тремник и патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистерски таблички, управувано од 51-годишниот М.Н. од Неготино. Во несреќата, на местото на настанот настрадал Е.К. додека М.Н. починал на пат до болницата. Основен јавен обвинител и екипа од Полициската станица во Неготино извршиле увид на лице место.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.11.2019 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега