МВР со детали за инцидентот во Градската болница Скопје- маж нападнал вработени и полицајци

Рано утринава полицијата уапси маж откако претходно го нападнал лецето кое било вработено како обезбедување во Градската болница во Скопје.

-Денеска во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје полициски службеници го лишиле од слобода С.М.(31) од Скопје, поради тоа што во 02.45 часот во болницата тој физички нападнал вработен како обезбедување во болницата и двајца полициски службеници кои извршувале службени дејствија и интервенирале по пријава за физичкиот напад врз вработениот- соопштува МВР.

С.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Исто така, ќе биде поднесена пријава по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир за уште две лица кои биле со С.М.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2019 - 16:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега