МВР со детали: Во тревник пред куќа пронајдено новороденче во Топанско Поле

 

Новородено бебе било пронајдено вчера во населата Топнаско Поле, потврдува МВР. Вчера во 11:45 часот во СВР Скопје, од граѓанин било пријавено дека на бул. „Македонско-косовска бригада“, во тревник пред куќите, имало бебе кое плачело. Од екипа на Итна медицинска помош бебето било однесено во Детската клиника и било во добра здравствена состојба. Идентитетот на бебето и мајката се уште е непознат. За настанот се запознаени социјални работници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2019 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега