МВР со детали: Украден паричник и личните предмети на скопјанец кој починал во Ковид центар

По објавите на Фејсбук за украден паричник од покојник во ковид-центар, од МВР за Прес24 велат дека до нив стигнала таква пријава.

Вчера во 09:30 48-годишниот Г.К. од Скопје го пријавил инцидентот.

-Вчера во Полициската станица Центар Г.К. (48) од Скопје пријавил дека во временскиот период од 21.11 до 29.11.2020 година во Комплекс клиника „Мајка Тереза“ (Ковид Центар) каде бил хоспитализиран неговиот татко Д.К. (72) кој починал во центарот од страна на непознат сторител одземен му е паричникот во кој имало пари и лични документи и предмети, велат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.12.2020 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега