МВР со детали: Прегазено 15-годишно момче од Штип

 

Полицијата соопшти детали за несреќата во која 15-годишно момче од Штип беше прегазено и се здоби со тешки телесни повреди.

 

Утрината во 09:05 часот било пријавено дека во Штип на улицата „Гоце Делчев“ патничко моторно возило „Фолксваген поло“ со штипски регистерски таблици управувано од 68-годишниот Б.М. од Штип, удрило во пешак на возраст од 15 години од село Радање-о.Карбинци.

Б.М. бил пренесен во Клиничката болница во Штип. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

10.11.2018 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега