МВР со детали: Малолетник прободен со нож во грбот во Бутел

Непозанти млади лица синоќа во Бутел со нож нападнале две малолетни деца, од кои едното прободено во грб.

Од МВР инфирмираат дека вчера во Полициската станица Чаир, малолетник од Скопје пријавил дека околу 19:45 часот, на улицата „Александар Урдаревски“ бил физички нападнат од неколку малолетници, со остар предмет, при што се здобил со повреда.

Тој бил префрлен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, а потоа е пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.12.2019 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега