На 26.12.2025 во 18:30 часот во с.Слатино, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба го приведоа Ј.И.(42) од с.Слатино, кој бил баран за издржување на казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промает на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

