МВР: Санкционирани 206 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 206 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 26, 17 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 26 мерки за непрописно паркирани возила и 77 санкции за неносење заштитна маска.  

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.11.2020 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега