МВР преку ДНК анализа ќе го бара насилникот кој го претепал 14- месечното бебе

 

Полицијата преку ДНК анализа ќе го бара насилникот кој го претепа 14-мсечното бебе, кое со скршеници на главата и нозете беше донесено на КАРИЛ, објави 1ТВ.

МВР ќе ги истражува сите траги кои ги оставил тој што брутално го претепал детето, кое со денови е на Клиника и не се знае дали ќе се оперира и дали ќе има последици по тешките телесни повреди. Постои сомнение дека бебето и претходно било малтретирано бидејќи на себе имало телесни повреди од порано.

„Основното јавно обвинителство Скопје доби писмено известување од МВР, по што изготви наредби за утврдување битни факти во предметот, за ДНК и друг вид анализи на траги. Резултатите од наредените вештачења се очекуваат. Во меѓувреме, МВР продолжува да постапува по дадените насоки од страна на јавен обвинител и презема дејствија за откривање на сторител на кривичното дело.“- изјавија од ОЈО за 1Тв.

Мајката пред два дена беше задржана во полиција 24 часа. Социјалните служби имале контакти со неа, а таа до сега не била евидентирана ниту како жртва, ниту како насилник. Од Центарот за социјални работи изјавија дека таа до сега се покажала како грижлива мајка.

На бебето му е одреден старател – социјален работник кој ќе одлучува за неговата иднина и ќе потпише за евентуални хирушки зафати кои би се вршеле врз него. А мајката и роднините имаат забрана за било каков контакт со него.

 

 

 

13.07.2018 - 20:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега