МВР: Повредени седум полицајци, а осум лица приведени по денешните протести за „Монструм“

Во денешните протести по пресудата за случајот „Монструм“ беа повредени седум полицајци, а приведени осум лица, официјално информираат од МВР.

-Седум повредени полицајци и осум приведени досега. Работиме за други приведувања, велат од МВР.

Демонстрантите, кои тргнаа од парк Чаир преку Кривичниот суд до Влада, се судија со полицијата кај Бит пазар, фрлаа камења и се обидоа да го пробијат полицискиот коридор.

Полицијата по дадените изјави, ги растера демонстрантите со шок бомби.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2021 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега