МВР потврди: Пронајдено машко тело во провалија во Нерези

Денеска околу 13 часот е прнајдено безживотно машко тело во Нерези, на патот кон Вила „Меранда“, потврдуваат од МВР. Неофицијално, телото било во провалија, а на патот било оставено возило марка „Поло“.

Според неофицијални информации, станува збор за 35-годишниот Горан Атанасовски, кој вчера беше пријавен за исчезнат од страна на неговото семејство.

Последните информации на семејството биле дека тој бил виден кај трговскиот центар „Беверли“, од каде заминал со сиво металик „Фолксваген поло“ со регистарски таблици СК-3104-АО. Тој бил облечен во кошула и панталони, а семејството бараше помош преку споделување на фотографија на социјалните мрежи.

Безживотното тело е предадено на Судска медицина, каде ќе се изврши обдукција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2019 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега