МВР: Кривична пријава против 12 лица за инцидентите пред Собранието

 Министерството за внатрешни работи (МВР) објави соопштение и порача дека се поднесени 12 кривични пријави по брза постапка поради инцидентите пред Собранието, кога беа повредени 47 полициски службеници.

„Во врска со извршено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, по чл. 385 од Кривичниот законик, сторено на 05.07.2022 година за време на граѓански собир пред Собранието на РСМ, при што беа повредени 47 полициски службеници и извршено е оштетување на зградата на Собранието на РСМ, зградата на Владата, Министерството за надворешни работи, како и полициска куќарка, полициско возило и разни видови полициска опрема, од слобода беа лишени најпрво 11 лица, а по утврдување на идентитетот, дополнително уште 4 лица, или вкупно 15 приведени лица, од кои три малолетни. 

Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал, по преземени мерки и активности, против 12 лица е поднесена кривична пријава во брза постапка.

Пријавените лица во текот на вчерашната вечер се изведени пред Судија на претходна постапка, од чија страна на едно лице му е изречена мерка притвор, а на седум лица мерка куќен притвор“, соопштија од МВР.

07.07.2022 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега