МВР ќе издава пасоши само за неопходни случаи

Министерството за внатрешни работи ќе издава пасоши во редовна постапка само за граѓани на кои им е неопходен, односно критериумите за приоритет во наредниот период ќе бидат неодложно лекуваат во странство, бизнис-активности, на работници кои работат во странство, за професорите и експертите кои треба да учествуваат  ба меѓународни конгреси, студенти во странство и слично, пренесува Фактор.

Во МВР синоќа имало итен состанок бидејќи во моментов има петнаесетината илјади баратели, а на располагање има само четири илјади обрасци за пасоши.

Во моментов дневно има 700 барања за овој документ, а итната постапка за вадење патната исправа е во „мораториум“.

Ваквата рестрикција се очекува да биде активна до крајот на март, до кога ќе се чека фирмата, според договорот, да ги испорача новите образци.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев пред две недели алармираше дека образците не се набавени на време.

Истата треба да ги изготви германската компанија „Веридос“ која е 40 проценти во сопственост на германската држава. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега