Локалните избори 2025 кои денеска се одржуваат во општините што ги покриваат Секторите за внатрешни работи Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид, се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера.

Портпаролот на МВР Гоце Андреевски вели, полицијата е на терен и ги презема сите потребни мерки за безбедно и непречено одвивање на гласањето, а до овој момент изборниот ден минува без проблеми.

„До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. Апелираме до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, изјави Андреевски.

Exit mobile version