На 16.01.2026 во 17:00 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода И.П.(43) од село Владиловци, општина Чашка. Претходно, на регионалниот пат Велес- село Извор, поточно на мостот на река Бабуна, тој со патничко возило „шкода“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во бетонски столб од мостот. При преземање мерки во врска со незгодата, било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека има 2,45 промили алкохол во крвта.

На 16.01.2026 во 17:00 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Валандово го лишија од слобода Т.К. (59) од Валандово. При сообраќајна контрола е сопрен трактор со валандовски ознаки, кој го управувал Т.К. и по преземени мерки е констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,59 промили алкохол во крвта.

На 17.01.2026 во 01:23 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода С.С.(29) од село Корешница, општина Демир Капија. При сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „ауди“ со демиркаписки ознаки, кое го управувал С.С. и по преземени мерки е констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,53 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесена пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Exit mobile version