МВР: Имаме доволно обрасци за возачки дозволи и лични карти

Министерството за внатрешни работи има доволно обрасци за лични карти и возачки дозволи и треба уште да пристигнат. Нема причина овие документи да се издаваат во итни случаи, за нив процедурата е редовна, велат од министерството за „Локално“.

Информацијата дека снемува обрасци за личните документи во интервју ја потврди и самиот технички министер Наќе Чулев, за потоа преку кабинетот за односи со јавност да излезе со информацијата дека сепак има лични карти и возачки.

„Три дена по моето доаѓање во Министерството за внатрешни работи бев информиран дека во оваа институција има сериозен проблем со недостаток на обрасци за лични документи. Да бидам искрен, оваа информација ме изненади затоа што со тоа беше доведена во прашање една од клучните функции на Министерството за внатрешни работи, а беше загрозено и одржувањето на претстојните парламентарни избори. Фактите што ги презентиравме во јавноста покажуваат дека Министерството за внатрешни работи не само што лошо ги планирало залихите на обрасци за патни исправи и останати лични документи, туку и подолго време не успеало да најде долгорочно решение за набавка на обрасци за патни исправи, како што барала Владата, односно постојано се наоѓале ад-хок решенија кои произлегувале од крајно дискутабилни и сомнителни тендерски постапки“, вели Чулев во интервју за порталот Мкд.мк.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2020 - 17:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега