Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

„Во врска вашето прашање за број на изречени санкции за непоседување зимска опрема во возилата во периодот од 15 ноември 2024 година до 15 март оваа година, ве известуваме дека констатирани се 650 прекршоци согласност со член 361 став 4, вв став 1 од ЗБСП.
На прекршителите на овој член од законот им се изрекува прекршочен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност.

Апелираме до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови“, информираа од МВР за Пресс24.

Exit mobile version