МВР: 226 санкционирани возачи на подрачјето на Карпош

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на Општина Карпош изречени се вкупно 226 мерки, меѓу кои 14 за возење без возачка дозвола, 15 за нерегистрирани возила и 24 санкции за неносење на заштитна маска.

 

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.11.2020 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега