„Музикантите во природата“: Започна традиционалниот детски ликовен конкурс на Ладна

Големиот детски ликовен конкурс на „Ладна“ само што започна! Седма година по ред „Ладна“ ги инспирира најмладите умни глави да ја разбудат својата креативност и да ги испратат своите цртежи, за потоа да ги награди авторите на трите најдобри дела со вредни награди. Темата на конкурсот оваа година е „Музикантите во природата“.

Конкурсот и оваа година е поделен во две категории: 1) за деца од 4 до 7 години и 2) за деца од 7 до 10 години. А, кога се работи за цртежите - таму нема ограничувања. Креативните мали уметници можат да користат било каква техника, бои и секакви елементи кои ќе го направат делото живо и разиграно.

Стручното жири ќе одбере по три најдобри цртежи од двете поединечни категории, кои ќе бидат наградени со вредни награди. Желбата да се организира патување во Дизниленд е голема и веруваме - обострана. Меѓутоа, поради неизвесноста за патување надвор од државата и отсуство на можност да се организираат групни собири, наградите ќе бидат во парична и материјална форма, и тоа:

Прво место – две награди по 120.000 денари

Второ место – две награди по 20.000 денари

Трето место – два таблет за цртање

Цртежите заедно со податоците на детето (име и презиме, датум на раѓање, адреса и телефонски број) треба да се испратат на адреса ул. 1732 бр. 2, 1000 Скопје, со назнака: „За Ладна ликовен конкурс“ или електронски на е-маил адресата marketing@magroni.com.mk, со наслов: „За Ладна ликовен конкурс“, најдоцна до 5.5.2021. Задолжително чувајте ги оригиналните цртежи испратени по електронски пат.

Темата „Музикантите во природата“ беше одбрана со цел да ги мотивира децата да размислуваат на она што се случува надвор од домот, во природата, таму каде што животните произведуваат свои уникатни, препознатливи мелодии. Затоа, ајде да најдеме инспирација во природата и во она што ги спојува сите живи суштества во неа - водата. Којзнае, можеби токму цртежот од вашиот омилен „музичар во природата“ ќе ви ја донесе главната награда. Но, пред да почнете со цртање, напијте се Ладна голтка здрав живот!

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега