Музичката програма на „Винтерленд“- Вечерва настапува Јелена Томашевиќ

Со настап на српската поп-ѕвезда Јелена Томашевиќ вечер продолжува „Винтерленд“ еуфоријата на скопскиот плоштад.

Како што соопшти Град Скопје, од утре следуваат настапите на ПерпетуумМобиле од Суботица, Дани, Ки Куманово, охриѓаните Шајн, ди-џеј Панчо, Саут Парк, Кепурхат, битолскиот камерен оркестар и Викторија Лоба. Последната недела од „Винтерленд“ настапуваат ПлутосДаубтс, Брејкдаун Бенд и Пеце од Суперхикс, ди-џеј Гоце САФ, Аудио Скопје, Ај Кју, легендарниот Дарио и АнтиАрт Леа.

На претпоследниот ден од годината, Поп-арт бенд ќе ја затворат музичката програма на годинашниот „Винтерленд“.

Од Град Скопје посочија дека над 70.000 луѓе го посетиле „Винтерленд“ во центарот на градот, секојдневно следејќи ги детските програми и вечерните концерти на ѕвездите од земјата и од регионот.

Покрај српскиот легендарен бенд Негатив, на големата бина настапија и македонскиот колектив Нокаут, There Band, Бендоф, ди-џеј Чваре и Дац и Александар Митевски.

– Покрај музичките настапи, детската програма е на агендата секој работен ден од 17 до 19 часот. Театарски претстави, боенки, аниматори, пантомимичари, маскоти и Дедо Мразовци ги анимираат најмладите и нивните родители на големата сцена на скопскиот плоштад, соопшти Град Скопје

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.12.2019 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега