Муслиу: Назначен сум од Пендаровски зад кого застана и ДУИ

Еролд Муслиу, новиот директор на Агенцијата за разузнавање, одби да ги коментира изјавите на челниците на ДУИ, дека се загрижени за изборот на пендаровски и дека тој треба да се преиспита.

Муслиу објасни дека потребно е да се почека одлуката да излезе во Службен весник и неговата директорска функција да се официјализира за да даде изјава.

- „Не можам да дадам изјава сѐ додека не видам дека одлуката за мое именување, директор на Агенцијата за разузнавање е излезена во Службен весник. Нема проблем, од понеделник ви стојам на располагање, вели тој пренесе Алсат.

За изјавата на ДУИ вели:

- „Не сум ја прочитал таа изјава на вицепремиерот Бујар Османи, меѓутоа вчера слушнавте, имаше став и од Претседателот, јас сум именуван од Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски“. Колку што знам тие се заедно во влада со СДСМ, значи го поддржаа претседателот Стево Пендаровски, што да кажам понатаму, рече Муслиу.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.05.2019 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега