Мукоски кон поранешните сопартијци: Правите контраефект

 

Независниот пратеник, Крсто Мукоски, ги покани во својот дом дел од демонстрантите кои протестираа вчера пред неговиот дом. 

-Ако сакате да разговараме влезете внатре. Како добар човек и домаќин ќе ве примам дома. Кажете им на луѓето да се повлечат. Контраефект правите. Влезете да поразговараме како што треба. Штом сте ми дошле дома, коректно е да ве поканам внатре, да пиеме кафе, ракија, да помуабетиме и со здравје да одите, рече вчера Муковски на Филип Петровски, пренесе Фокус.

Демонстрантите синоќа пред домот на Мукоски пееја патриотски песни и палеја свеќи. 

 

 

 

08.11.2018 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега