Мукоски: Им благодарам што им текна да ме посетат, ама протестното писмо за уставните измени е на погрешна адреса

 

„Многу им благодарам и позитивно сум изненаден што им текна по 11 месеци да ме видат. Се разбира во мојот дом ќе испиеме кафе, ќе бидат послужени со благо. Нема никаков проблем“, изјави за МКД.мк пратеникот Мукоски.

Во врска со најавата од „Македонија блокира“ дека ќе му врачат протестно писмо во врска со неговото гласање за уставните измени и од него ќе побараат да ја промени својата одлука при повторното гласање во Собранието  кога ќе биде потребно двотретинско мнозинство за потврдување на уставните измени, Мукоски вели дека ќе им каже оти писмото е на погрешна адреса.

„Не можам предвреме да зборувам, да го видам прво писмото, па потоа би го коментирал. Но, ќе им кажам дека писмото е на погрешна адреса“, ни изјави Мукоски без да коментира на која адреса требало да се упати тоа протестно писмо.

„Македонија блокира“ во своето соопштение најави дека денеска ќе се одржи народен собир во Вевчани, по што ќе се посети домот на Мукоски. 
„Она што го бараме од горенаведените пратеници е само да ја испочитуваат волјата на граѓаните кои ги избраа да ги застапуваат во Собранието на Република Македонија и истата да не ја погазуваат по втор пат“, пишува во соопштението од Движењето „Македонија блокира“.

 

 

 

07.11.2018 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега