Мукаетов: Кризата ќе биде потешка од онаа во 2008, Владата итно да побара пари

Следува тежок економски период, предупредува првиот човек на „Алкалоид“, Живко Мукаетов. Во интервју за „Тв24“ тој апелира дека итно се потребни мерки, и дека по секоја цена мора да се најде форма да им се помогне на оние мали и средни компании, кои речиси невозможно е да функционираат во оваа криза, за нивните вработени да останат на работа.

Мукаетов смета дека тоа ќе чини од аспект на буџетот, но треба да им се даде тој ветер во грб на оваа компании.

Што се однесува до ликвидноста, Владата мора што побргу да ги донесе мерките, за да може што побргу да побара средства од потенцијалните извори. Во моментов парите во светот се уште се евтини од аспект на каматни стапки, но факт е дека побарувачката за свежи пари нагло ќе расте и таа веќе расте од ден на ден. Сметам дека секој ден доцнење од аспект на аплицирање за финасирање кај разни меѓународни извори, дали се тоа корпоративни банки или други извори, може да доведе до ситуација да не може така лесно да се соберат тие средства од надвор. Затоа, треба што побргу да се аплицира, едноставно да се застане во тој ред за да се обезбедат средства, укажува Мукаетов.

Во целиот свет следи турбулентен период, а има цели дејности кои во моментов не се во состојба да функционираат. Такви се угостителството, туризмот, но и автоиндустријта, од која ние сме зависни, бидејќи имаме доста производство на разни делови за таа индустрија.

Оваа економска криза сигурно ќе биде потешка од онаа во 2008 и 2009 година, калкулира Мукаетов, додавајќи дека никој не знае кога би дошло до економско закрепнување, бидејќи никој не знае ни колку сето ова ќе трае, па затоа е неблагодарно да се предвиди.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.03.2020 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега