Муцунски: Зголемувањето на платата целосно ќе го донирам во хуманитарни цели и за семејствата на уставобранителите

Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, на својот Фејсбук профил објави дека според последната одлука на Уставниот суд, сите носители на јавни функции ќе добијат зголемување на својата плата, а разликата во покачувањето тој ќе го донира во хуманитарни цели, на семејствата со ниски месечни примања и за семејствата на уставобранителите.

 
Муцунски истакна дека одлуката е донесена од највисокиот орган кој ја штити уставноста во Македонија и е одлука која мора да се почитува, но разликата може да се донира.
 
„Јас сум растен, воспитуван и образован во духот на позитивни вредности. Сметам дека меѓусебната поддршка и помош се важни.  Среќата не зависи од тоа колку имаме, туку од тоа колку можеме да помогнеме и да направиме за другите“, напиша Муцунски на својот Фејсбук профил.  
 
Тој воедно ги повика и останатите носители на јавни функции од сите политички партии да го следат неговиот пример.
 
„Имајќи ја предвид тешката економска и финансиска состојба во која живееме, почнувајќи од следниот месец разликата во платата ќе ја донирам за хуманитарни цели. Ова е само мал гест од моја страна кој се надевам дека ќе помогне на голем број семејства кој секојдневно се борат со различни предизвици и се справуваат со економски, финансиски и здравствени проблеми. Воедно, ги повикувам и останатите мои колеги од сите политички партии, доколку се во можност да го следат овој пример.“
30.03.2023 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега