Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, до сабота ќе престојува во работна посета на Република Литванија, на покана на неговиот колега Кештутис Будрис. Посетата е прва за министерот во Вилнус и се реализира во годината кога двете земји одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи.

Во фокусот на агендата се економските потенцијали на земјава:

Муцунски ќе ја посети Конфедерацијата на индустријалци и ќе се сретне со претседателот Видмандас Јанулевичиус.

Предвидена е средба и со литванскиот министер за економија, Едвинас Грикшас.

Покрај економијата, главни теми на разговорите ќе бидат билатералните односи, македонската интеграција во ЕУ и клучните регионални прашања.

Exit mobile version