Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на неговата посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денеска се сретна со министерот за надворешна трговија, Тани бин Ахмед Ал Зејуди.
Двајцата министри ја потврдија одличната билатерална соработка и го истакнаа растечкиот потенцијал за продлабочување на односите, со посебен акцент на економијата, трговијата и инвестициите како приоритетни области.
Како што информираат од Кабинетот на Муцунски, соговорниците се согласиле дека денешната средба е „отвора врата за нови инвестиции и заеднички проекти“ кои значително ќе ја зајакнат економската поврзаност меѓу двете држави.
Министрите ја потврдија подготвеноста за интензивирање на соработката во неколку клучни сектори: инфраструктура, енергетика, туризам и технологија. Овие сектори се препознаваат како области каде ОАЕ има глобално лидерство во иновациите, што може да донесе големи придобивки за македонската економија.

