Министерот за надворешна работа и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк оствари средба со специјалната пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс.
Главни теми на разговорите беа стабилноста, безбедноста и европската перспектива на регионот, регионалните предизвици и продлабочувањето на билатералните односи во рамките на стратешкото партнерство.
Попладнево во Њујорк, на маргините на #UNGA2026, остварив средба со специјалната пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс. Во фокусот на разговорите беа стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан, актуелните регионални предизвици, како и натамошното продлабочување на односите меѓу двете земји во рамките на стратешкото партнерство – објави Муцунски на Фејсбук.
На средбата посебен акцент бил ставен на реформските процеси, јакнењето на демократските институции, владеењето на правото, НАТО сојузништвото и заедничкиот придонес кон евроатлантската безбедност.
Разговаравме и за економската соработка, конкретните проекти преку партнерството „влада со влада“ и иницијативите од Берлинскиот процес за поголема регионална поврзаност и економски развој – нагласи Муцунски.


