Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска во Брисел ќе присуствува на неформалната вечера на Советот за надворешни работи на Европската унија, по покана на високата претставничка на ЕУ, Каја Калас. Настанот ги обединува министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и на земјите од Западен Балкан.
На состанокот е предвидено да се разговара за унапредување на соработката меѓу Европската унија и регионот, со акцент на безбедноста, одбраната, справувањето со хибридните закани и зајакнувањето на демократската отпорност.
Во рамки на посетата на Брисел, министерот Муцунски ќе има и одвоени средби со европската комесарка за проширување, Марта Кос, како и со Глен Микалиф, европски комесар за меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт
- Два случаја на насилство врз жени во Штип и Виница
- Чистка во Вашингтон: Кристи Ноем е првата што го напушта кабинетот на Трамп
- ВМРО-ДПМНЕ: Филипче само ја замајува јавноста
- ФОТО: Првите македонски државјани слетаа во Скопје
- Филипче: Владата ќе избере обвинител само ако биде слепо послушен
- Филипче: Му кажа ли Мицкоски на Руте дека ќе го врати името?
- Филипче: НАТО членството е најсилниот штит за Македонија – резултат на политиките на СДСМ
- Делови од Центар и Карпош утре ќе бидат без електрична енергија


