Муцунски: Срамно беше што се чекаше месец дена за да профункционира Собранието

Тимчо Муцунски, пратеник во Собранието во своето гостување во емисијата „Топ тема“ рече дека многу се доцнело со процесот на создавање на работните тела и поради тоа не може да се зборува за европски права и искуства, но треба да сме свесни дека нашата држава се соочува со пандемија и видовме дека Владата не е подготвена за предизвиците во образованието. Според Муцунски има многу сериозни финансиски и економски импликации кои ја чекаат земјата и во таа смисла  срамно беше што се  чекавме месец дена за да може да профункционира Собранието.

-Во мојот прв пратенички мандат јас сум разочаран за степенот на кој што се одвива политичкиот дискурс во Собранието и мислам дека тоа придонесува на намалување на довербата на нашите граѓани и во политичкиот систем и во сите политички  партии бидејќи за жал  наместо ние да дискутираме  за креирање на политики, ние некако во Собранието  како да се занимаваме со дневна политика, истакна Муцунски.

Тој во своето гостување порача дека  на сите седници до сега како да преовладуваше тој тоналитет и тој однос многу негативен, а не суштинска дебата и дискусија за што  треба да се направи за побрзо да се решат проблемите кои што ги имаат граѓаните пред се земајќи  во предвид се што се случува  поврзано со негативните импликации кои што до сега ги има од пандемијата но и тоа што веројатно ќе се очекува во следниот период.

-Така да конечно дојде време но со задоцнување каде се формираа работните тела  и ајде да биде ова пратенички состав кој што навистина ќе се занимава со решавање на огромниот број на акумулирани  проблеми кој што преовладуваат во секоја сфера на нашето општество, додаде Муцунски.  

Имено тој зборуваше за верификација на мандатите и рече дека за ова прашање ќе треба да се интервенира во Уставот за да не се дојде до некои непосакувани сценарија и тоа треба да биде чисто административен технички процес што ќе се завршува со конечноста на изборните резултати кои што ќе произлегуваат од државната изборна комисија.

-Се работи за одлука поради фактот што сериозно е прекршена постапката за верификација на мандатите. Ние не спориме дека тие мандати треба да бидат верификувани, но тврдиме дека постапката согласно овој деловник треба да биде преку една од Собраниските комисии и доколку таа би се почитувала ние секако би го поддржала процесот на верификација на мандатите, потенцира Муцунски.

Муцунски во своето гостување  додаде дека таква една тенденција  имало и во претходниот пратенички состав и тоа е причина зошто законот за антидискриминација падна на Уставниот суд, непочитување на деловникот на Собранието  од страна на претседателот на Собранието но и од страна на парламентарното мнозинство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.09.2020 - 21:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега