Муцунски: По лидерската средба се потврди дека Владата нема 2/3 мнозинство за уставни измени

„Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е конзистентен и остануваме на тој став кој што е потврден од сите партиски тела и органи, а тоа е дека уставни измени под вакви околности ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати“, истакна Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во утринска емисија на радио „Лидер“.

Муцунски додаде дека тоа што мисли дека се случи и еден заклучок кој што може примарно да се извлече по завршувањето на лидерската средба е дека се разби тој мит кој што парламентарното мнозинство односно ДУИ и СДСМ го градат веќе повеќе од шест месеци, една година, а тоа е дека има пратеници во ВМРО-ДПМНЕ кои што ќе ги гласаат уставните измени под овие околности. Тој мит е разбиен и тоа што се потврдува е дека Владата во овој момент нема 2/3 мнозинство иако долго време говореше дека има 2/3 мнозинство за уставни измени.

„Имаме Влада која што пред една година сите се сеќаваме и создаде на Македонија проблем. Проблемот меѓу другото е создаден од тоа што имаме сосед Република Бугарија која што е непринципиелна и агресивна спрема Македонија. И земја која што работи во попречување на европската иднина и европскиот пат на државата. Владата прифати еден предлог кој што во својата содржина е неприфатлив за нас. И ние велиме прифатливи се сите типови на предлози, а кои што можат да значат сигурност во македонскиот евроинтегративен пат примарно воден низ призмата на европските вредности. Кога се во прашање уставните измени, ако се сеќавате ВМРО-ДПМНЕ пред неколку месеци даде потврда дека ние како политички субјект сме подготвени на пример да го поддржиме хрватскиот модел на уставни измени. Ние исто така сега, претседателот Мицкоски потврди да може да разговараме за одложена примена, а таа одложена примена да важи во моментов Македонија кога ќе стане земја членка на ЕУ. Што е битно? Битна е извесноста, битно е да знаеме дека нема да имаме никоја понатамошна блокада од страна на Република Бугарија врз основа на субјективни билатерални критериуми“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Тој посочи дека по никоја цена не може да се разбере постојаната негација на македонскиот јазик, идентитет и сите културни обележја од страна на Бугарија.

 
09.06.2023 - 09:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега