Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа одвоени средби со новоименуваната амбасадорка на Чешката Република, како и со амбасадорите на Италија, Шпанија и Државата Кувајт.

На средбата со новоименуваната чешка амбасадорка Ирена Гетзова, Муцунски ги прими копиите од нејзините акредитивни писма.

Во фокусот на разговорите со амбасадорите на Италија и Шпанија беа европската агенда, реформските процеси, како и поддршката за евроинтегративниот пат на земјата.

При средбата со амбасадорот на Кувајт, акцентот беше ставен на зајакнување на политичкиот дијалог и економската соработка, со посебен осврт на можностите за кувајтски директни инвестиции.

На сите одржани средби биле разгледани и актуелните геополитички случувања, како и можностите за дополнително унапредување на билатералните односи и економската соработка.

Exit mobile version