Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ја искористи симболиката на виното за да ја илустрира неопходноста од регионална соработка на настанот „Здравица за добрите соседи“ во Брисел.
Тој откри еден помалку познат факт за винската индустрија во регионот, потенцирајќи го квалитетот на македонскиот производ:
„Ние сме исклучително горди што многу од земјите во регионот го нарекуваат виното свое, а барем дел од процентот на грозје во нивното вино е македонско. Кога работиме заедно, можеме да го направиме најдобриот производ што сите го сакаат и кој е вистински европски“, истакна Муцунски.
Министерот порача дека Западен Балкан треба да испорача заеднички „производ“ и на политички план, преку исполнување на стандардите и гледање кон иднината, наместо кон минатото.

