Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, е меѓу клучните учесници на петтото издание на Дипломатскиот форум во Анталија (ADF2026). Во фокусот на неговите активности е зајакнувањето на регионалната соработка преку дијалог, бизнис и посилна поврзаност.

На панелот „Жнеење мир на Балканот“, Муцунски пред дипломатскиот елитни собир ја истакна неопходноста од заеднички пристап кон предизвиците што ги засегаат земјите од Западен Балкан. Неговата посета на Анталија е дел од интензивната дипломатска агенда, која започна со учество на Третиот министерски состанок на Балканската платформа за мир, на покана на неговиот турски колега Хакан Фидан.

„Нашата цел е јасна: преку отворен дијалог и конкретни економски иницијативи да придонесеме за стабилност која ќе биде основа за напредок на целиот регион“, порачаа од Министерството во врска со настапот на Муцунски.

Покрај панел-дискусиите, министерот остварува и низа билатерални средби, со што дополнително се прицврстуваат позициите на нашата држава на меѓународната дипломатска сцена.

Exit mobile version