Муцунски на терен доцна навечер: Будно ја следиме состојбата со снегот (ФОТО)

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, доцна вечерва излезе на терен за да ја провери состојбата со снегов. За ова информираше на социјалната мрежа фејзбук, каде напиша: „Вечерва заедно со претседателот на Советот, Дејан Митески излеговме на терен и будно ја следиме состојбата со снегот. Оваа зимска сезона секој дел од Општината ќе биде опфатен со ангажман на зимската служба. Тимовите моментално се на терен и ќе работат во текот на целата вечер“.

„Ќе продолжиме активно да ги чистиме јавните површини под наша надлежност, со што ќе обезбедиме безбедно и непречено движење на граѓаните во нашата општина, без никаков застој. Воедно, упатувам апел возачите да бидат претпазливи и да возат внимателно“, додава Муцунски во статусот на ФБ.

10.01.2022 - 23:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега