Муцунски: Клучните проекти во 90 секунди

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Аеродром, Тимчо Муцунски во минута и половина ги претстави клучните проекти.

Најави враќање на МЗТ Скопје во АБА лигата и во Европкуповите.

-Аеродром ќе биде безбеден и сигурен. Смарт Аеродром – комплетно дигитализирана општина. Ќе на правиме апликација „Мој Аеродром“ каде секој граѓанин ќе може директно да ги пријавува проблемите. Аеродром ќе има паметна и урбана опрема и бесплатни интернет зони. Ќе изградиме четири нови градинки. Ќе ги реконструираме веќе постоечките. Ќе ги реновираме и модернизираме основните училиште, ќе изградиме нова гимназија. Ќе изградиме нов забавен парк. Аеродром ќе биде оптина со 0 корупција и 0 дополнителен трошок за сите деца во градинки и во основно училиште. Ќе обезбедиме 600 денари месечно спортска сувенција за секое дете. Ќе го реорганизираме паркинг просторот и ќе обезбедиме 3000 нови паркинг места. Аеродром ќе добие мултифункционална зграда со кино, театар, гејминг соба, читална и хаб за млади, се само дел од проектите кои Муцунски ги посочи во видеото.

 

11.10.2021 - 17:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега