Муцунски: Ќе обезбедиме 3000 нови паркинг места, студија за решавање на сообраќајниот хаос во Аеродром

СДСМ се навиканти да даваат ветувања кои не можат да ги реализираат, затоа мислат дека тоа што ние го ветуваме како ВМРО-ДПМНЕ нема да го реализираме. Напротив ние се што ќе кажеме остваруваме, рече Тимчо Муцунски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната дебата на телевизија Канал 5.

Тој истакна дека тој и неговиот тим има прецизен план и за парковите и за паркинг местата, и за се што се ветува.

„На пример кога велиме дека ќе обезбедиме 3000 паркинг места мислиме дека општината треба да направи свое јавно претпријатие, тоа ќе инвестира во подземни, монтажни гаражи, ќе има систем на косо паркирање. Сме се консултирале и со сообраќајни експерти и ова може да се реализира“, рече Муцунски на што кандидатот на СДСМ, за Аеродром, Александар Филиповски реплицираше дека ветувањата на Муцунски се нереални.

За сообраќајниот метеж да се намали Муцунски истакна дека треба да се направат кружни текови, како и дека има делови каде треба да се средат улиците.

„Со една добра квалитетна студија може да се реши сообраќајниот хаос во општината“, укажа Муцунски.

Во делот на хигиената, Муцунски истакна, дека Аеродром не е чиста општина и оти тоа е констатација на граѓаните.

„Има ангажирано над 100 сезонски работници од кои половина работат, а другите не се појавуваат на терен, на работа. Тоа значи дека треба добро менаџирање, а не вака. Фокусот треба да се стави на сезонски работници, механизација, одржување на постоечките површини“, кажа Муцунски.

Муцунски во делот на градежната експанзија се осврна на зградата кај Мајчин дом за која Марин ветуваше дека нема да се гради. Според Муцунски, Марин имал 5 опции,  мораторум, нов урбанистички план, времена мерка и нереализирање на планот, откуп на парцелата, а петата е да каже дека не сакал да го реши проблемот.

08.10.2021 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега