Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари клучна работна средба со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески. Главна тема на разговор беа конкретните форми на поддршка за извозно ориентираните компании и активирање на дипломатската мрежа за промоција на домашното стопанство.

Министерот Муцунски нагласи дека економската дипломатија станува приоритет. „Нашата цел е директно да ги слушнеме потребите на коморите и да ги ставиме дипломатско-конзуларните претставништва во функција на зајакнување на економијата и унапредување на извозот“, истакна тој.

На средбата беа договорени неколку клучни иницијативи:

  • Организација на тематски посети за бизнис заедницата во странство;
  • Постојана комуникација со нашите амбасади за потребите на компаниите;
  • Промоција на македонските извозни капацитети пред странските дипломати во земјава.
Exit mobile version