Муцунски: Големата победа ја извојувавме заедно и со силна верба во една поубава и просперитетна иднина

Тимчо Муцунски, преку објава на социјалната мрежа фејзбук ја сподели среќата со своите приврзаници. Во постот на фејзбук Муцунски истакна: „Преку оваа денешна објава со сите вас го споделувам чувството на задоволство и радост за големата победа која ја извојувавме заедно и со силна верба во една поубава и просперитетна иднина“.

„Упатувам благодарност и кон другите кандидати и конкуренти во трката за градоначалник на општината Аеродром, за нивниот вложен труд во текот на кампањата, за активното учество во политичките дебати и понудените идеи и проекти. Како во текот на кампањата така и денес кон моите политички противници гледам здрава и силна конкуренција и натпреварувачи на кои заедничката цел им е обезбедување на поубав, поквалитетен и просперитетен живот во нашиот простор на заедничко живеење. Затоа, им посакувам успех во извршувањето на нивните сегашни и идни професионални задачи“-напиша Муцунски на фејзбук.

18.10.2021 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега