Му починала првата љубов и најдобриот пријател - Гру го следеле несреќи цел живот

Далибор Андонов Гру кој почина и ја зави Србија во црно целиот живот го следеле несреќи. 

Неговата прва љубов починала во сообраќајка, а на раперот му требало многу време да се соземе од трагедијата. Истата судбина ја доживеал и неговиот најдобар пријател Небојша кој настрадал во тешка сообраќајка на 31. октомври 1999 година, на 28-годишна возраст.

Во 2012. раперот призна дека едно патување на Алпите со сопругата ќе го чинело живот.

- Се одвоивме со еден пријател по пат на кој никој не одеше и сфативме подоцна зошто. Ќе се лизневме и ќе падневме од Алпите. Таму не се крши рака или нога, туку се умира. Беше голема борба додека да не спаси хеликоптер, рече во една прилика Гру.

Серијата несреќи не престанала да го следи. Негов близок пријател неодамна се затрул во Египет и починал. 

- Губитокот на пријателите тешко ми паѓа, рекол тогаш Гру.

Раперот почина во Земун на вода, а ќе биде погребан утре во 14 часот и 30 минути.

Зад себе остави сопруга и деца.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2019 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега