„Му менував пелена на Арчи и почувствував остар грч“ - Меган Маркл доживеала спонтан абортус

Меган Маркл имала спонтан абортус кога се преселила во Америка. Војвотката од Сасекс рекла дека го изгубила второто дете додека му менувала пелени на синот Арчи.

Најтешко ѝ паднало да го гледа принцот Хари додека тагува додека таа и самата се „распарчивала на парчиња“.

-Откако му сменив пелена на Арчи, почувствував грч. Се спуштив на под со него во прегратка, пеејќи му песна за спиење за и двајцата да не смирам - напишала Меган.

Кога се разбудила, ги нахранила кучињата, му подготвила облека на Арчи, а потоа ја врзала косата. Тргнала да му смени пелеа на Арчи кога почувствувала силна болка во стомакот.

-Неколку часа подоцна лежев во болничкиот кревет, држејќи го сопругот за рака. Ја чувствував топлината на неговата дланка, а тој ми ја бакнуваше мојата рака која беше мокра од нашите солзи - напишала Маркл.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2020 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега