Му го пресекле патот со автомобил и автоматско оружје- скопјанец изгубил контрола и излетал од патот

 

Скопјанец изгубил контрола и излетал од пато откако вчера вечер автомобил без регистерски таблици му го пресекол патот, а во возилото биле три лица кои имале автоматско оружје.

Вчера вечер во 20.52 часот во СВР Скопје, С.Б.(20) од Скопје пријавил дека во близина на мост на реката Вардар, од населба Долно Лисиче кон село Јурумлери, скопско, додека управувал патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, бил пресретнат од патничко возило „голф“, без регистарски ознаки, во кое со автоматско оружје биле Р.Н. село Батинци, скопско, и уште две лица.

Притоа, С.Б. скршнал од патот и излетал надвор од коловозот.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2020 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега