МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец септември 2022 година.

МТСП ги информира корисниците на паричните права кои имаат дебитна картичка дека може да подигнат готовина на банкоматите на банките и да ги користат средствата од 5 октомври 2022 година.

Исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките со цел да се избегне метеж, и тоа согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

 

  • 05.10.2022– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
  • 06.10.2022– М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш
05.10.2022 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега